Будење…
Од чудна радост до бунило.
Се сеќавам.
Збор ми ја замајува свеста
и речеси ми ги навлажнува очите.
Значењето му е големо,
а не се забележува
туку, само може да се случи
ако така е запишано…
Одеднаш на мирот мир
па, реков абер е
оти таа љубов
не е искривено огледало.
Будење…
Внатре, во себе
како што почнав некогаш,
а никогаш не успеав целосно.
Будење…
Абер!
