Ние смислено танцуваме со неизвесности
дури животот ни чува асови
за во вистинско време
притоа делумно привидно не мачи,
давајќи ни шанса за раст во длабочина.
Сите истраени маки имаат и друга страна
само човек често сака сѐ сервирано
не сфаќајќи дека
така би водел војна со здодевноста,
а смислата на животот
стои врз напорот за негово усовршување
дури целта ‘совршенство’ е неостварлива.
Нашата неуништивост не е во гордоста
не е клучен ниту материјалниот успех
ниту пак вербата.
Неуништиви сме кога цел е трагањето
и кога внатре наоѓаме насмевки
кои притоа не се горди
ниту се од успех или верба,
но се сигурен знак на патот.
Иднината е тајна ако гледаме кон неа
и ние можеби не патуваме навнатре
за итањето напред да биде интересно.
Сепак,
среќни се оние чии насмевки на ликот
се само една слика на радоста на душата.
