ПОТКАСТИ

Аудио поткаст со Марија Колевски – Што е „Свесна мама“ и како до лична трансформација?

Со Марија се запознавме пред година и нешто ситно на една промоција во нејзината кафе-книжарница „Букси“ во Куманово. Нема да ве запознаам со неа пред време, само ќе откријам дека нашиот разговор таму за создавањето на „Букси“ беше барем делумно инспирација и охрабрување и за мојот производ www.duhovnametamorfoza.mk. Со таков жар и таква љубов ги кажа неколкуте реченици за кафе-книжарницата која јас ја доживеав како една мала оаза, што во мене останаа да одекнуваат и ме поттикнаа за да реализирам овој мој сон.

Уживајте во разговорот и дознајте која е таа, што е „Свесна мама“ и како до лична трансформација…