До скоро доаѓаше по потреба
на повик или сосем изненадно, блиц,
а сега седи удобно до креветот
не броејќи грешки за соодветна казна.
Стап со глава од змија и светнати очи
исправен грб, сосема сигурна,
времето пристигна
да ја чувам
да ме чува
да се чуваме.
Денес сетив
како повторно го сакам животот
на начин кој потсетува
на поедноставни времиња
кога книгите ги голтав
сосе страста за знаење.
По боја е бела, со насмевка
која веќе морничава не е,
студенилото и е, пак, пријатно,
ми се чини своја, искусна,
а моја добра пријателка.
Бела змија,
не каса, ниту телото го влече…
отровот и е нектар
за преживеаните
