ДУХОВНОСТ

Внатрешните насмевки упатени кон себеси се најголемиот божествен подарок кој може да го добиеме

Моментите на самотија или осаменост се можност да погледнеме внатре во себе и да разговараме со божественото присуство во чија прегратка се нишка светот. Ако ви се случило да работите нешто сосема обично, било да е чистење, пиење кафе, разговор, работа пред компјутер и слично да се насмеете на некаков за вас препознатлив начин, прифатете го тоа како дар од Бог.

Има многу имиња за божественото, па без разлика како ја интерпретирате таа појава или како се обраќање на божественото, благодарноста вибрира многу поблизу до Бог. Божественото или изворот на нашето постоење е преоптоварен со секојдневни молби за нешто, за да ни се даде нешто, па затоа пред да молите за нешто разгледајте низ животот за што треба да се благодарите. Исто така, можеби првиот и вториот пат ќе забележите дека се заблагодарувате за да добиете нешто за возврат, но од невидливото ќе бидете секогаш потсетувани дека тоа така не функционира. Изворот на постоењето ќе ве води до моменти каде ќе спознаете дека постоењето има смисла кога е примарно давањето, а за земањето станува збор само ако се заслужи, ако дојде како награда, ако дојде до нас било како, само не преку наши очекувања за да се добие нешто за возврат.

Бидете сигурни дека има за што да се биде благодарен

При фокусирање на себеси, не на егото, туку на она ранливо себе што секој го носи во себе, под она што веќе ни е освестено, може да ни се развлечи насмевка на лицето, да издишеме олеснувачки, а веќе наредниот момент да не знаеме зошто сме се насмеале. Можеби овој исказ ќе ве потсети на ‘дежа ву’ ефектот според начинот на кој се случува, но всушност станува збор за момент во кој се сеќаваме на нешто за што сме благодарни или треба да сме благодарни.

Ако до тука веќе ја знаете лекцијата за благодарноста, една предлог вежба е да ги запишувате вашите благодарности. Истото може да се прави и со молитвите. Убаво е ако по одредено време ги препрочитате и сфатите дека навистина треба да бидете благодарни за одредено нешто или дека молитвите ви се слушнати и веќе живеете онака како што сте сакале или сте надминате некои потешкотии.

Запишувањето на молитвите и благодарностите е еден вид на водење на дневник преку кој разговарате со Бог онака како што вие го интерпретирате. Исклучете ги екраните во тие моменти. Отворете некоја посебна тетратка и почнете со запишување. По одредено време може да препрочитате и да сведочите дека сега се чувствувате онака како што сакале. По некој период пак или дури препрочитувате дозволете си го луксузот да се насмеете со изглед како да нешто моментално ви дава утеха, а всушност тоа е душата што се сеќава дека има за што да биде благодарен.

Зајдисонце
ЗА АВТОРОТ

Marta Dimitrov