Ставајќи декор на имињата
од надимак
преку титула и професија
до именка чие значење и го посакуваме
стануваме навидум нешто друго
бесниот,
ректор, доктор, сметководител
или писател
и притоа такви костими носиме
дури од лампионите има само
дрво со зелени иглички.
Нам вистински никој не нѐ познава
освен ако не дозволиме
да ни ги тргне лампионите.
Надимак, титула или некоја именка…
Ќе го украсат името
не и човекот повнатре.
