ПЕСНИ

Животни украси

Сите украси на животот

меѓу кои се и мислите за опипливото

чувствата за истото

и настаните притоа

не се беспричински

ниту се за забава во овој живот

но не се крајна цел

туку се допир со реалноста на телата

дури сенките наши често следат само слепо

и притоа не ги пуштаме во други светови

иако е нужно да патуваме со истите.

Ние се плашиме, па балансираме

и дури некои дестинации

се потребни за душата

ја ограничуваме на овдешните задоволства

не дозволувајќи ѝ да вивне длабоко за миг

и оттаму да донесе блаженство.

Убавината на живеењето е во малите нешта

не затоа што тие се важни

туку се доволни при внатрешна радост

за човек да не вложува напори

во потрага по среќа во грешна насока.

Ние дозволуваме да се окупираме

со логичностите тука

при обврска за креирање на сегашноста

на нашите мисли, тело и чувства.

ЗА АВТОРОТ

Marta Dimitrov