Погледите ни се вперени кон материјата
дури шестото сетило удобно спие
избегнуваме средби со внатрешното
и дури го негуваме телото
јадрото ни станува труло.
Ние треба да почнеме да размислуваме
притоа заобиколувајќи мноштво теми
во кои материјата пуштила корен
и да ги отвориме сетилата кон внатре
да го апсорбираме нашиот внатрешен свет
без притоа да се потсмеваме
без доза на недоверба
и без сомнеж дека таму има воопшто нешто
оти скапаното во невидливото јадро
секогаш ја зафаќа материјата – телото
имајќи свои манифестации.
Игнорираните чувства не исчезнуваат
само се складираат во тоа јадро
и оттаму почнува скапувањето на телото
прикажан низ разни животни нелагодности.
Нам не ни се простува
за погрешно толкуваните рими
како “рани душа да те слуша”.
