Невидливи сили нас секогаш не водат
недозволувајќи да скршнеме од патот,
но бидувајќи свои
со онаа малку слободна волја
кршиме фрагменти од нашите животи
кои подоцна ги бараме
во изгубени задоволства…
Сакаме сами да одлучуваме
да надвладее разумот
да робуваме на навики и уверувања
без да сфатиме дека
патот не го цртаме сами
и дека и моливот и четката
нешто невидливо ги држи
та должни сме да го следиме срцето
иако тоа често само многу поетски звучи,
а не помислуваме
дека умот на срцето е подолу,
па од стомакот идат најважните информации
кога се грчиме,
или имаме „добро чувство“
и тоа е најчесто доволно
и тоа е најчесто доволно
оти нешто не штити често и од сами себе
и сопствените камења што ги редиме пред нас.
Невидливи сили нас секогаш не водат
и ние никогаш нема да скршнеме од патот
ако се држиме до довербата во нив
без притоа да бидеме само добри глумци
во свет кој е бездруго театар,
туку свесно играјќи ги улогите во него
да сфатиме дека
и ние сме вредни за небеска заштита.
