Патувај, патувај
имај поглед полн работа
при што ќе се восхитуваш на убавини
додека во рамни чевли шеташ
и можеби фотографираш.
Патувај, бегај
создади преживување некаде таму
работи осум часа, можеби и повеќе
заработувај
додека си ја љубиш
земјата кај што си се родил.
Бегај, бегај,
но ниту едно место не ти дава живот
само ти овозможува услови за преживување
оти животот не е во убавите облеки,
ниту во удобноста на скап стан во центарот на градот
не е во ниту еден материјален аспект
на нашето преживување.
Оди подалеку, оди
обезбеди удобно преживување,
но сфати
животот е навнатре, удолу
тој е вертикална вибрација долж нашите тела
и апсолутно не ги засега нив
оти се тие само возилото.
Возилото има функција,
но никаква опседнатост со секојдневно полирање
нема да те однесе навнатре
само ќе ја промениш локацијата
каде на твојата вечна вертикална вибрација
по должина на твоето тело
опиено од копнеж по удобност.
