Велат волкот влакното го менува
не и карактерот
и со човек е исто
и со човек е така
само ние често душата ја забораваме,
та таа не е ниту карактер, ниту влакно,
туку истата се витка по линијата на животот,
и дури имаме подеми и падови
нејзината прилагодливост е во ист правец
и знае таа кога да молчи,
а богами и кога да вришти
и сето тоа е потребно
и молчењето
и вриштењето.
Душата знае и да балансира,
но чуму баланс
ако молкот е попотребен од вриштењето
или обратно
или обратно
ако обете се со цел ‘трансформација’
а златната средина е тапкање во место?!
Ги живееме опипливите аспекти на животот
и дури ова е свет на материјалното
вибрацијата што живот дава има мисија
понекогаш да нѐ однесе до дното,
понекогаш да нѐ вивне угоре
или да ни овозможи удобно патување.
Таа е помудра од сите логичности на умот
и затоа кога ти шепка преку шестото
не плаши се
да ги игнорираш сите останати сетила.
