Уметност е да се препознае
кога информациите имаат суштина
и притоа се во склад со нашето битисување.
Ние читаме постојано сѐ нешто
но не чини сѐ добро на умот
ниту за душата не е сѐ блаженство.
Можеме да јадеме што се сервира
и иако тоа не го ништи нашиот личен вкус
некако го замајува,
некогаш отвора нови хоризонти,
и тоа при подготвеност за истото.
Сепак
не качувај планини со ранец
што тежи повеќе
од уживањето во природата
зашто животниот пат има долини и ридови
по кои полесно ќе одиме
само со она што ни е потребно.
