Ние имаме навика
да брцаме во туѓи манџи
и притоа несвесно забораваме
дека во нашата тоа не го дозволуваме.
Нашите животи стојат на ачик
и кога не ги покажуваме
се гледаат преку прозорците
но има едни светови внатре во нас
што не се видливи за голо око
а тие трпеливо ги чекаат нашите лажици
да брцнеме во нив
и патем да сфатиме
туѓите манџи не се по наш вкус
но и нема зошто да би сркале од други
та дури го тргаме
првиот слој од световите внатре
почнува да не обзема мирисна пареа
при што мириса на полско цвеќе
а никако на скап француски парфем.
Сепак ретко се познаваат оние
кои навидум сакаат општествени етикети
дури ја кршат кората одозгора
за да блесне светлината од внатре.
Затоа
сркај од твојата супа
оти туѓите се слатки само ако немаш своја.
