Видливите предизвици на умот
неспоредливи се
со скок удолу во невидливото.
“Успех” е релативна именка.
За некого раскошот е успех
за некого професионалното издигнување
за некого преживеаниот ден
за некого проживеаниот ден
за некого успех е да оди по работ
некаде меѓу видливото и невидливото.
И притоа секој ја живее својата “реалност”.
Така
и раскошот
и професионалното издигнување
и преживеаниот ден
и проживеаниот ден
и одењето по работ
може се видливи или невидливи.
Дури на видливите успеси
може и да се аплаудира
за невидливите
таа потреба не постои.
