Луѓе и настани
пренатрупани со формалност
без да се спонтани и олабавени
со млитаво-замрзнати насмевки
на фотографии небаре црно-бели
стокмени, сериозно фокусирани
и почесто бледи во лицата
договорени групно сонуваат
дека не се дел од масата.
Има такви групи
често во политика
понекогаш во бизниси
и изненадувачки, со книги в раце.
Животот не е сериозен
а богами ни смешен.
Тој има суштина без потреби за формалност
и костимите врз неговата длабочина
тежат до исцрпување
штом сериозните отворат очи
чуствувајќи како
вратоврските им го стегаат вратот,
а високите потпетици
им ги деформираат стапалата.
Притоа облеките се само алегорија.
