ПЕСНИ

Што ќе посееш, тоа ќе жнееш

Има една стара
и таа е на многу јазици
и во обични и во свети книги напишана,
та нѐ потсетува
дека што ќе посееш
тоа ќе жнееш, нели,
дека доброто со добро се враќа,
лошото со лошо,
па потоа има точка
никакви меѓуредови

едноставно така…

Сееме несвесно
и за нас истото важи
а притоа за секој свесен момент
со единствена цел- да се жнее
добиваме малку плод
речиси трошки.

Актот на давање
актот на сеење
е сам по себе важен.

Нашите очекувања ни ги врзуваат рацете
и цели не ставаат во бескраен круг.

Дури сееш од омиленото семе
слушни си ги емоциите
слушни си ги мислите
та дознај
бескрајните кругови се шупливи внатре
а еднонасочните патишта
во кои сеидбата е цел
се сосема прави
за притоа од многу вртење во круг
да не ни се сврти умот.

Посветена на мајката Природа и на пркосот кој го сеав за следна година… :)

ЗА АВТОРОТ

Marta Dimitrov