ДУХОВНОСТ

Јога, медитација, мантрање – практики во духовноста кои не носат до продуховување ако тоа е целта

Капиталистичкиот приод кон сѐ нешто придонесе за комерцијализација на продуховувањето како тема и многу нешта кои тоа ги опфаќа. Тука несомнено се вбројуваат разните практики како јога, медитација, мантри, кристали… И така, ако мислиме дека со носење на еден кристал или палење на стапчиња нешто знаеме за духовност, уште на почеток треба да се спомне ризикот познавањето на некои термини и нивната употреба во секојдневието во пракса да биде извадена од контекст што е всушност и цела Њу Ејџ култура. Ова влијание е особено засилено околу 2012 година кога Мајанскиот календар го завршува 13тиот циклус и сите очекувавме крај на светот и можни катаклизми. Њу Ејџ културата има некоја преносна улога, но таа не е ниту гребење на површината на вистинската духоност која е многу послоевита, сеопфатна, многу сериозна во споредба со напумпани афирмации и некаква изнудена позитивност. Таа е повеќе за гладот на еден млад човек привремено да се задоволи, колку да допре до одредени теми кои се искомерцијализирани, но никако нема суштина и содржина.

Њу Ејџ пристапот и комерцијалните мотиватори и учители

Тон американски и други светски автори си препишаа некаква именка на себе. Со некоја книгичка популарна психологија веќе стануваат експерти кои заработуваат многу на грбот на јадната маса која трага по обичен мир во секојдневието. Многу „терапевти“ од разни области се појавија како специјалисти за работа со биополето, енергијата или потсвеста на луѓето, нудејќи третмани кои се прескапи за нивната вредност. Тие, навидум сертифицирани со некаков краток курс, повеќе самоуки затоа што освестиле нешта кои индиго децата ги знаат уште кога се родиле, прават разни настани и се костимосуваат глумејќи мотиватори и освестувачи, помагатели и излечители, додека ефектот од нивните „третмани“ не трае повеќе од година дена затоа што не е длабински доволно ниту за тој кој го носи.

И додека Њу Ејџовското влијание дозволува понирање на тие профитери во општеството затоа што тоа влијание е комерцијално, а 98% од луѓето се движат во стадо, на сцена се и вистинските духовни пракси чија смисла е сосема испревртена. Јогата од Истокот се искомерцијализира до степен до кој се покажуваат само асани, со по некој час за медитација без вистинско водство од т.н. учители. Медитација се учи на курс како метода за смирување, а не како потреба на веќе освестен ум.

Јога, медитација, матра

Јогата не е ниту 20% асани, како што е во раџа јога. Карма, Џана и Бхакти се другите духовни јогиски пракси, каде асаната може да се искористи во секојдневието, но поставувањето на телото во една положба упорно секој ден по неколку минути не доведува до самоспознавање и изворна мудрост.

Исто, многу е потребно првин душата да дојде до ниво на свест, а потоа да практикува да медитира. Душите на средно ниво на развој по бројот и квалитетот на реинкарнации многу често се интересираат за таа метода и ја сфаќаат како начин да дојдат до мир во секојдневието, па некој друг т.н. учител ги учи на водена медитација и смирување како секојдневна пракса. Медитацијата е природна потреба која доаѓа кај свесниот ум како потреба. Едноставно, умот е доволно празен од доживувања и од желби за уште за да има потреба да седи во тишина и да се поврзи со виши нивоа, духовно водство, Изворот… Така, медитацијата не е техника која до човекот треба да дојде од надвор, туку е природна потреба за која доаѓа време кога свеста е спремна.

Мантра – мантарњето пак е скратен пат до поврзување со Бог, до добивање на нешто. Не постои нешто понедозреано од мантрање како начин да се дојде до Бог и притоа да се добива нешто. Ако е потребно да се работи на карма на пример, треба да се освестат шаблоните во кои сме заглавени за да ги тргнеме истите и да ни се отворат нови патеки. Или ако човекот мисли дека носењето на кристали со себе и секојдневната медитација ќе му го подобрат животот тоа е сосема погрешен пристап. Духовноста е степен, достигнување. Тука престануваат пороците, секојдневието нема нормална шема, целта и смислата на постоењето се други, световниот живот оди во задна улога, контакти со духовно водство се нормална работа и светот каков што изгледа од надвор веќе не е важен и интересен. Нашето постоење има поголема смисла, не поважна од таа на другите, но многу поодговорна од ограничвање на семејни, работни обрски, здравје и забава.

Духовноста е неопходност кога ќе дојде време, а не парцијално учество

Духовноста не е ни стил на живот. Тој пат е неопходност кога душата ќе го постигне растот кој требало да го постигне пред да стапи на сила дармата целосно. Таа е неизбежност и тогаш дури и ѓаволот и смртта наградуваат затоа што се работи за обврски, за космички должности на душата. И за разлика од оние работните кои имаме избор да не ги извршиме и да трпиме последици, тука ако не ги извршуваме, трпиме последици додека не ја освестиме својата улога и за тоа се нема избор. Не стануваме алтруисти и хумани од човечки побуди, туку заради тоа што дошло време.

Овие луѓе често немаат нормален семеен живот и не им е воопшто приоритет иако често го посакуваат затоа што дармата целосно се интегрира во последниот живот на Земјата. Духовноста со други зборови е нешто што се мора и не е пракса за смирување и релаксација или време во текот на денот. Таа едноставно ни ја проголтува обичноста и нормалноста кога настапува на сцена. Јога, медитација, и други нешта се убави пракси, но не полнете си го егото со чувство дека се продуховувате затоа што тоа се само техники. Вистиските учители достигнуваат најмногу мудрост преку повлекување, долгогодишна интроспекција, заслуга, дојдено време, тишина, како и свесност за неможноста да судат и простуваат. Ниедно растегање, положба или санскритска изрека не носи до Изворот ако со нив тоа е своевидна цел.

ЗА АВТОРОТ

Marta Dimitrov