ДУХОВНОСТ

Препознајте ги знаците на патот на вашето духовно реализирање

Духовното трагање не е процес кој се случува само еднаш, неколку недели или месеци во животот, или пак курс кој може да го завршите и да добиете сертификат. Дури и оние духовници кои дошле до повисоки нивоа на духовно реализирање, поразвиена свест и допир до божественото се водени и се соочуваат со предизвици на нивниот пат. Затоа, кога наидувате на потешкотии со соочување со некои проблеми во вашиот живот добро е да знаете да ги следите знаците на патот.

Без разлика дали вие верувате во ангели, светли битија, духовно водство, Извор, персонализиран Бог или слично, доколку верувате дека сте заштитени, заштитата и ќе дојде во некаква форма. Секако, одлично би било доколку може лесно да бидете во контакт со вашата интуиција, но кога имате динамично темпо на живот тоа не е секогаш успешно. Тој контакт бара голем влог во работа на себеси и интроспекција како и поголема свртеност кон внатрешните аспекти на живеењето отколку материјалните задоволства.

Знаци на патот може да ви бидат потребни во различни животни ситуации.

Донесете правилна одлука додека сте на животна раскрсница

Можеби ви се случува животна раскрсница на полето на работа, па така, потребно е да одлучите меѓу два типа на работни можности кај кои има и предности и недостатоци. Ако се од сосема различна природа, анјчесто е најдобро да се одлучите за онаа која нема да ве оддалечи од вашите примарни интереси, без разлика на бенефитот кој го нуди. Секогаш прво земајте го предвид вашето здравје, како физичко, така ментално, но најмногу духовно затоа што од духовното почнува сѐ.

Изборот на партнер и љубовните односи се секогаш важен дел од духовната потрага

Независно од тоа дали имате партнер или не, важно е да знаете дека вашиот духовен напредок зависи многу и од тој однос. Ако сте доволно критични да забележите дека се наоѓате во нехармоничен однос, тоа не мора да биде знак за прекинување на врската. Често е доволно да се интервенира со промена на однесувањето кај едниот за да се аплицира соодветно однесување и кај другиот.

Секако, ако се соочувате со големи предизвици како семејно насилство, тоа треба соодветно да се третира. Но, доколку сакате да ги решите повторливите кавги, поверојатно е да се работи за кармичка врска, па помош од соодветен професионалец би ви била добредојдена. Ако очекувате проблемот да се реши само со промена на однесување, земете предвид дека промената започнува од вас, па така ставовите, чувствата и мислите треба првин да се променат во вас на подлабоко ниво.

Најважно е да ја негувате вашата душа

Сите предизвици во животот се поставени на одреден начин за вашата душа да може да напредува. Така, ако сте останале без работа, во депресија сте, немате партнер или едноставно се чувствувате како да сте во ќор сокак во животот воопшто, ништо не е  случајно. Во било каква ситуација важно е да изанализирате како се одразува моменталната ситуација на вашата душа и што би можело да биде од корист за нејзин напредок.

Душата секако, не е нешто опипливо, но таа се манифестира преку чувствата како најповршински импулси, па ако чувствувате огорченост, страв или радост, тогаш и вашата душа е во соодветната состојба. Духовниот напредок најчесто и се случува во моменти кои за вас може да се навидум безизлезни, но ако целта на душата е да еволуира, нема многу да се развие во моменти на блаженство и мир, кога повеќе би ги уживала благодетите на уживањето на нејзиниот престој на Земјата.

metamorfoza
ЗА АВТОРОТ

Marta Dimitrov