Дури фрламе зад себе да најдеме пред себе
и дури сееме за да жнееме
срцето што само сака да фрла и да сее
знае дека тие се сами по себе цел
а никако наоѓањето и жетвата.
Неизбежно е животот патем да нѐ дарува,
но секоја мисла на дарувањето
не става во магичен круг
и притоа добиваме трошки
кои само го убиваат гладот
со мисла дека пак треба да се јаде.
Истовремено,
ние несомнено растеме
кога невидливо се намалуваме
при што нашето јас за овдешниов свет
станува транспарентно до исчезнување
додека толкуваме – скромноста е доблест.
Да, скромноста невидливо е доблест,
но мислите за тоа достигнување
го обојуваат транспаретното јас
без да дозволат негово исчезнување.
Нашето јас за овдешниот свет
има своја функција,
но треба да е безбојно до исчезнување
за да постане портал
кон нашите внатрешни светови.
