ПОТКАСТИ

Аудио поткаст со Тодор Богев – духовното значење на артефактот „Големата Мајка“

Тодор Богев е македонски писател, но јас би рекла дека е пред сѐ човек кој има огромен опус на знаење од духовноста воопшто, од теми за создавањето, до теми кои се поврзани и со македонската почва на која чекориме. Тој е автор на романот „Автопатот за Делфи“, но од време на време знае да изненади со некоја брошура со која не потсетува на темите за создавањето, смислата, изворот на животот и слично. Пред отприлика година дена тој ја презентираше брошурата за Големата Мајка, тема која на археолозите и историчарите им е добро позната, но ние денес таа тема ќе ја погледнеме и од еден поинаков аспект.

Слушнете го нашиот разговор и запознајте се подлабоко за оваа тема, како и за она што следно подготвува Тодор за читателите.