ДУХОВНОСТ

Зошто развојот на технологијата треба да запре и како таа го зема приматот на духовното во човекот?

Генерациите кои се родиле во ерата на информатичката технологија, од почетокот на третиот милениум, ерата на информациите, се предвреме осакатени во нивниот развој. Тие деца за жал доцнат во развојот од многу аспекти. И покрај тоа што изгледаат како да брзо впиваат информации, брзо учат за технологиите, се интересираат и работат програмерски јазици, ја користат технологијата за заработка, кај нив долгорочно се случува атрофирање на емотивните структури во биополето, а тоа секундарно влијае и на развојот на менталните аспекти од здравјето. Значи, ако децата од осумдесетите и деведесетите се „жртви“ на нервозите и неедуцираноста на родителите, па носат психички трауми како последица од нивните односи, децата на новиот милениум, како годините се поблизу, стануваат сѐ понезрели емотивно, во смисла им се спречува нормалниот емотивен развој. Во првите седум години од животот, како што вели Фројд, детето оперира со емоциите, тоа му е начин за комуникација, манипулација, условување, разговор, рациото на детето сѐ уште не почнало да се развива. Обично. Но, кај жртвите од новиот милениум, се забележува способност за впивање на информации без вклучена свест, критички став, развиено рацио за пресудување, и одлука да се каже „не“ без да се мисли само на личниот бенефит и на она што им одговара. Кај овие млади личното е многу поизразено од колективното, што е своевиден егоизам и оперирање секогаш од позиција на егото и личните интереси, што не е нешто кое треба да се третира како нормално за дете или млад човек.

Ова е последица на начинот на кој се конфронтираат со надворешниот свет и сервирањето на „она што постои“ во електронска форма без особено искуство во многу работи, а со брзо впивање на информации. Што се случува? Нивната душа веројатно веќе има складирано информации за одредени такви искуства, кои на пример ги согледуваат на некое кратко видео, но личното искуство од овој живот им е доста оскудно. Кај нив веднаш се појавува идентификација без реална вежба и доживување за да имаат подлога за работа на себе и растурање на евентуално однесување по шема кое е оклоп за личноста и не дозволува да се биде среќен, да се почувствува радост, да се биде хуман, да се зборува од искуство итн.

Книгата наспроти екраните

Кога наспроти имаме екран, ние имаме чувство дека сме во одреден свет, уловени сме во матрицата која пропагандните политики на онлајн содржините ја диктираат и ако не сме доволно критични, разумни и свесни тие ќе не голтнат и видоизменат по одредениот терк. Наспроти екранот, на пример, книгата дава сосема поинаква можност. Хартијата не штети прво и основно на видот, развива фокус и концентрација за разлика од бинарниот код во технологијата кој истите ги отупува и гаси, што е и причина за АДХД. Така, АДХД не се лекува со апчиња туку со рестрикција на екран, престој во природа и спорт. Потоа, хартијата овозможува да проработи имагинацијата, спротивно на сервираните информации во кратка форма кои говорат за тоа како сѐ е на готово достапно и објаснето, на само два клика. Кога читаме од книга, не читаме само информации, читаме нечија, на авторот, емотивна структура, читаме идеи кои не се реализира, приказна која не инспирира за нешто свое, се отвора непознат свет, се обидуваме да веруваме дека напишаното е вистина и можно, наспроти преплавениот интернет со информации од секој, каде вештачката интелигенција може сама да креира невистини. Книгата не созрева, екранот прави да се чувствуваме дека знаеме. Тоа е така затоа што книгата бара време и трпение, како и интерес да се прочита и разбере, а информациите од екранот прават да сме само информирани. Првото ја развива интелигенцијата која е неограничена, второто го полни интелектот кој не ограничува и преку кој оперира егото. Затоа што егото не сака нешто да е попаметно од него. Тоа сѐ знае.

Зошто да запре напредокот на технологијата?

Технологијата беше од корист за човештвото некаде до 1999 кога Paint се користеше за цртање елка за Нова Година, Ворд беше усовршена машина за пишување, а Excel важна програма за која треба обука и која може да се користи за разни пресметки, калкулации, табеларно и графичко прикажување и слично. Пред 2000 година се случи најавата за милениумската бубачка и точно на полноќ се очекуваше крах на системите, хакерски напади итн. Но, милениумската бубачка е вирусот кој се повеќе метастазира во општеството, и не само што не е функционален зад шалтерите каде треба да се гледа бенефитот од него, туку метастазира во идеите на младите генерации, кои се Кристални и деца на Виножитото, а кои треба да бидат понапредни од Индиго децата и да го опоравуваат системот кој го рушат оние со сина аура. Што се случува? Децата се разгалени од родителите и се убедуваат дека многу вредат без вистински да работат на својата вредност, а патем Виножитото се врти обратно во форма на шарена пропагандна политика и малолетните се убедуваат дека можат да бираат какви сакаат да бидат со платени корекции од државен буџет, оставајќи ги сосема неуки пред сѐ во она што го носат како личност, дури со обратно наместеи бои симболично се затнува крунската чакра кај поддржувачите недозволувајќи да се интересираат за духовните аспекти на своето постоење и убедувајќи ги дека тие имаат право д а се чувствуваат некако. Да имаат, но не како дрво или куче, туку да се чувствуваат тажни, радосни, гневни, лути, сакани итн. Тука имаме целосна манипулација со основни човечки поими, и користење на пропагандните моќи на технологијата и екраните.

Дел од објаснувањето зошто треба да се запре развојот на технологијата е изнесен и пред поднасловот.

Како технологијата го зема приматот на духовното во човековиот живот?

Откако ги поедноставивме компјутерите и си купивме телефони кои истовремено можат да ни служат и за следење на состаноци или уредување документи, да се запрашаме зошто некако и покрај сета удобност и брзина на функционирањето на нештата околу нас во 21 век, ние сме некако постојано уморни, без време за обични нешта, без пријатели за суштински разговори, со одредени ментални тегоби како депресија или пак, со облеани со неубави чувства како тага, потиснат бес и слично?! Тука се случува истото. Инстант решенија, кратки видеа кои се повеќе забавни и кои само информираат по одреден алгоритам кој системот оценил дека ни одговара, достапност на многу нешта кои кај постарите генерации кои пораснале со многу ограничена технологија изнудува чувство на разочарување, нецелост, нешто недостасува, нема полнота, недостига смислата.

Впрочем, тука имам два вида жртви: овие постарите кои бараат вредности и кои треба да се сопрат во користењето за да можат да бидат поблизу до себе. Тие тоа можат лесно да го сторат затоа што го имаат извежбаното доживување на обичното функционирање како луѓе, како деца, и потребна им е само самодисциплина и насочување кон подобри и посуштински теми; и веќе споменатите нови генерации од 2000 година наваму, со кои треба сериозно да се позанимаваме за да не ни атрофираат целосно како наши деца, како иднина на светот, како идни чувари на планетата.

Седејќи пред кутиите кои тежат од некаква електроника, во себе го забораваме духовниот аспект. Пропаста на Атлантида се случува токму поради мислењето дека технологијата треба постојано да се унапредува и дозволвањето тоа да се случи. Напредокот на личноста се состои во емотивната стабилност која модерно се нарекува емоционална интелигенција, како и во фокусот, флексибилноста на умот, и неговото слугување во наша корист, сето дел од нашата мозочна ментална археологија.

Кога ќе се задоволат тие два аспекта, човекот може да ги користи своите телесни потенцијали затоа што е суштество кое е така создадено да може многу да постигнува преку возилото – телото во кое живее. Но, размислете, дали е можно телото да ни биде пред сѐ здраво ако наведнуваме глава пред кутија со податоци кои никогаш не престануваат да доаѓаат, а речиси воопшто не ни се потребни?

ЗА АВТОРОТ

Marta Dimitrov