Седнат в соба со мисли рој чиниш веќе часот чукнал
вон тебе тивко, ни човек, ни мува, ни гулаб гукнал.
В час црна фигура која со качулка прикрила лик
во тебе ни трага од страв, без желба за бегство и вик.
Седи, ѝ велиш, не стој, разговор со тебе ми треба
животот е дар кој се сака, но од тебе не бегам.
Кажи ми зошто ликот твој секогаш е така скриен
а за нашиот не учат наутро да е измиен?
Тоа е само симболика на пат до мене, вели,
на мојот лик стои за каков живот си се определил.
Доаѓам јас често ако ми дадеш простор и време
можам да ти пружам помош, штом очај ќе те обземе.
Но, ако моја рака дури си жив ти не прифатиш
на крај ти за картко време, многу малку и ќе сфатиш.
Привидение беше или нешто со тоа слично
разговорот со смртта не ме вознемири прилично.
