Новите неизносени фустани
знаат и да не болат
иако со етикета стојат подолго закачени
ако моментите на самување
и поднесување на болка
ги поминуваме со некоја тивка поддршка
сосема невидлива за реалниот опиплив свет,
но доволно впечатлива
не за изродување на надеж,
туку за влевање на доверба
во себе
во иднината
во тие невидливи пријатели
кои даваат смисла на некое посакувано утре
некој датум со смисла,
а друг пак со намера
се’ да се почне наново
од почеток.
