Дури да помине денес, дошло утре,
а вчера станало минатата недела!
Нам ни минуваат годините
оставајќи многу нешта
за кога ќе има време,
дури тоа пустото се намалува
како што ги славиме родендените.
Кога сме мали – го користиме по туѓа мерка
кога сме млади – често неправилно
кога сме зрели – ретко го имаме.
За времето и староста не знам да пишувам.
Дури да помине денес, дошло утре,
а вчера станало минатата недела!
Среќа имаме технологија што ги замрзнува убавите зајдисонца.
