Оваа пролет почна рано.

 

Го искроив цвеќето сосем

до земја

до корен скоро

и си реков ќе чекам да заленее,

а потоа малку сонце

па студ и зимска светлина

некој ладен дожд…

 

Едно утро видов цветови – три

наредното – четири

сега веќе не ги бројам.

 

Има такво цвеќе

кое обично цвета пред есен,

(ако и тогаш)

но годинава реши да прави отстапки

да расцвета порано,

многу порано

и да ме убеди

дека цветот има најголема смисла

кога не ги следи правилата.

 

Сакам бунтовни цветови!

ЗА АВТОРОТ

Marta Dimitrov