ДУХОВНОСТ

Трите теории за деволуцијата на човештвото – нечистата совест како природна метла на општеството во кое Нехљудов е слободен

Една стара народна, балканска, вели: криво дрво не се исправа. И тоа е точно, физички, од материјален аспект. Дрвото е тврда  материја, па колку и да му е еластична структурата, не може да се исправи. Но, во тоа е и неговата убавина. Кората, кривите гранки, раскошот на крошната, корените кои се испакнале од старост…

Некои ја имаат онаа: krivo drvo zhivi svoj zivot, a pravo zavrshi u daskama. Познавав една од тие. Се сеќавам од претсоздавањето која бев топлина, светлост, љубов, јас моето јас си беше јас. А таа беше кора. Да, тоа во литературниот израз се вика метафора. Така е сончевата површина е усвитена. Од многу љубов распукала кората и продолжило да дава живот. Таа за кривото дрво кое го живее својот живот е на оние кои се со мани за кои се свесни, но не си ги прифаќаат. Тие луѓе имаат проблем со најосновното наше задолжително: егото. Тие се идентификувани во неговата површина, изгравирани внатре во неговата особена ограниченост. И ним не им е толку важно што се криви, туку, тие сакаат и другите да се искривени, или, да завршат во даски. Дали знаете кој не сака да завршува во даски? Природата. Кај неа нема чиста или нечиста совест, лажен маркетинг или перење мозок со некоја човечна коректност која треба да е задолжително основна. Затоа, за тие од тоа здружение, каде што правите дрва завршуваат во даски, таа не кани на самади забава. Таму таа дели метли, само не вештерски, туку така поеколошки. Првин за себе, а потоа и за она што е останато по нејзиното природно, а разболено отелотворување.

Некои посаркастични велат дека криво дрво не се исправа, ама се кастри. Да, за огрев! Да имаме да си ги стоплиме домовите, да почувствуваме природна топлина од шпорет на дрва, некое носталгично чувство заборавено во времето кога се беше помалку паметно. Тие, кои се водат по таа теорија, низ своите животи само докажуваат дека тие се баш само оние кои кастрат, и од толку што не се кадарни, жнијат и по своето, по своите чеда. Такви природата ги нарекува вишок, прегорена тура…

Како автор на писаниево би се потсетила на едно друго дрво, многу потребно на овој свет, дрво кое е поим за мајчина топлина, отсликано во „Големата вода“ на Живко Чинго, каде еден сирак од домот не се задоволува со кашата, таа физичка потреба на секое гладно дете оставено на милост и немилост, а без родителска грижа… Тоа парче дрво не е ни засадено, само е исфрлено на брегот кај големата вода, и токму таму својот спокот го наоѓа еден сирак од домот.

И така, дури расправаме за тие три теории на еволуцијата, дали крвото дрво не се исправа, дали го живее својот живот додека правото завршува во даски, или пак, стоиме на саркастичното дека кривото дрво не се исправа, но се кастри, се избиструва една нова форма на еволуирање во светот, која за разлика од досегашните е малку посамостојна. Во таа теорија, секое дрво, какво и да си е, си има своја судбина. А од тој момент натаму сите си ги носат одговорностите на грбот и при евентуалните навреди од препознаената метафора и при манифестирање на сопствените одговорности кон природата… Таа се предава до почитувањето. Потоа уништува без компромиси.

Постои еден аспект, кој е претставен од Шива, божество во Хиндуизмот, кое секако, како и во сите други религии, постои како дел од некој религиски, догматски концепт. Шива е трансформација. Долго време се обидував да ја сфатам конструктивноста на некој кој руши, и сметам дека Планетата намерно не сака да не направи просветлени, и прави и живи дрва… Според некои пологични проценки, таа веќе дава задачи, а ние сме само извршители… Добро, со исклучок на некој чувар, и една до максимум две чуварки.

Создавање, одржување и уништување: Првата, втората и третата теорија за дрвото! Теоријата на Авторот на овој текст е потрансформирачка: малку по организаторска. Во една приказна која ми беше еднаш пратена да ја прочитам, Јупитер е претставен како гуру, а еден мал демон како добар организатор. Но, да не демонизираме дополнително, само би се посочило овде дека во многу области треба да се продолжи да се биде стручен. Резутатот е однапред веќе јасен: правите дрва завршуваат како даски, некои можеби брзорастечки, за мебел, а тие потенките, со поубава линија на телото, што би се рекло како на здравствените систематски прегледи порано, понеухранети. Ете тие се за лекција, за оние кривите по ука кои до сега го живееја својот живот, нехумано и нечесно, а беа светлосни работници и божји пратеници.

Сатја Југа: падот на човештвото од Сатја Југа не се ни желбите, ни духовното знаење, ниту материјалното поседување. Падот се состои во величењето на сѐ нешто, а заборавањето на скромноста како доблест. Разумот велат, најубаво сјае во рамките на скромноста. Не за друго, туку за да се направи место за малку повеќе неразум, будалштини, љубов…

А љубовта има разни форми и облици. И нејзините најверни слуги се децата!

ЗА АВТОРОТ

Marta Dimitrov