Александар Ристевски – Принц е артист кој веќе долго време опстојува на музичката сцена. Ние го знаеме од домашната, македонска музичка сцена по некои хитови како „Сања Лазања“, „Фројд е жив“итн., но неодамна дознав дека тој има зад себе оставено огромно музичко богатство: текстови, видеоспотови, кои се пред сѐ квалитетни и докажано оставаат емоција кога се слушаат.
Духовна Метаморфоза обично пласира содржини за тоа како да дојдете до своето метаморфозирање и трансформација, но по анализирањето на Александар Ристевски – Принц на едно на едно негово гостување, за ова интервју концептот е поинаков: одбрав човек кој изгледа како воопшто да не е обележан од косумеризмот на дваесет и првиот век, како и многу човечки особини се чини дека никогаш не ги имал, како завист, љубомора и сл. Принц е изразено автентичен и оригинален лик, кој заслужува да биде прашан како успеа да нема потреба од никаква трансформација и покрај тоа што има доволно години за да биде татко на две поголеми деца.
Принц, здраво! Добредојде на duhovnametamorfoza.mk! Ти благодарам за одвоеното време да одговориш на неколку прашања со чии одговори верувам дека ќе го задржиме вниманието на публиката да го прочитаат текстот до крај. Твориш, пишуваш, од многу мал. Јас го гледав поткастот со нашиот најрелевантен критичар на модата, Сергеј Варошлија, и она што го слушнав ме импресионира. Твориш, пишуваш од многу мал. Кажа нешто што ја претставува твојата скромност: за песната „Фројд е жив“ кажа дека е напишана само откако си слушнал за Фројд, и отворено призна дека не си го ни читал, но ете си напишал песна што е таков хит. Кажи ми, зошто? Зошто го имаш тој принцип на делување – скромноста како едно многу важно начело, доблест на нашиот животен пат?
Постојат две школи, пишаниот збор и животот. Секој почнува од некоја од тие две. Битното е понатака да се потрудиш да го надокнадиш пропуштеното. Ако тераш сѐ одеднаш, тешко дека ќе можеш да си борец и победник во пораната младост. Пристоен ученик во училиште со домашно воспитување, другото е борба, амбиција, посветеност и дисциплина. Мудроста ќе си дојде. Но, ќе дојде со примена и свој пример од животот.. Инаку, цел живот ќе ти останат само цитати од паметници, цитати кои само убаво ти звучат и ќе ги повторуваш како папагал. На крајот на краиштата, битно е само да си добар човек, без гладни очи и, креативен.
Креативноста, стварањето е онаа повисоката, можеби и единствената цел што постоиме. Мислам дека повеќе може човек да научи од проста бабичка во селце на која секој збор ѝ држи вода, отколку на папагалче со долга и мрсна коса кој не разликува транс журки, халуцинации, цртани филмови, од мудрост.
Си работел многу и со странство, и сега, кога од ново се враќаш „меѓу твоите“, со Хитмејкер, и се трудиш да направиш нешто за македонски музички имиња кои биле поквалитетни, дали согледуваш некоја разлика од тоа време кога ти си почнал и сега? Дали можеби до успехот се доаѓа полесно во ова време, и кои фактори сметаш дека влијаат да се стане привремена комерцијала?
Никој не барал од Квин да ја направат Боемска рапсодија, ниту од Боуви да ја направи Хироус. Не може да чекаш да ти каже публиката што сака да чуе. Ти си тој кој твори и пласира, па до кого допре, допре. Аудиториумот општо, секогаш бил со блага ретардација и е последниот кој треба да биде запрашан од авторот. Привремена комерцијала е за тие кои сакаат да пливаат во таа ретардација. Сега до успехот се доаѓа потешко. Окупирано е местото со луѓе без вештини, но никој не бара лесно во животот, туку, содржајно.
Кога гостуваше кај Сергеј Варошлија, направи еден многу интересен потег: му подари гитара со твој потпис, но и уште нешто – го натера да ти вети дека ќе научи да свири барем малку. Зошто? Зошто даде дел од твоето емотивно богатство како артист и зошто сакаш воопшто да споделиш таква среќа, да научиш некого на она што најдобро го правиш како артист, настрана од пријателството што го имате го него?
Уметноста е контакт со Универзумот, со нешто поголемо од нас. Сакам луѓето да откриваат нови димензии кај себе, особено добрите луѓе како Сергеј. Он знае да е „пис на јазик“, но душа има за цела чета.
За мојата внука Бела која се бори со хендикеп дојде во Кавадарци за свирка со хуманитарна цел. Сепак, како што јас бев информирана, кафичот останал со многу малку луѓе. Свирката која се одржа во истиот локал наредната вечер со „Бени и Нон Стоп“ поминала со многу луѓе. Јас знам дека не само моите сограѓани, затоа што сум родена Кавадарчанка, туку, сега сфаќам дека Македонците воопшто не знаат да вреднуваат автентичност. Што е причина за тоа, што мислиш? Дали можеби луѓето се доволно мрзеливи да ја пронајдат во себе, па ги оставаат оригиналните да се справуваат „сами со себе“, додека носат маски во животот и во уметноста?
Ме замолија да дојдам, дојдов и супер свирка направивме. Ми рекоа дека парите се веќе обезбедени за лекување и ќе ми го платат концертот. Пари не им побарав. Имаше и хуманитарна изложба на уметнички слики таму. Купив за да ги охрабрам присутните да купат. Мислам дека бев единствениот кој замина со уметничка слика. Но, сето тоа е неважно, важно е твојата внука да е добро. Поздрави ми ја.
Уметноста е креативен израз. Начинот на кој објасни како од неколку фрази, зборови, правиш една песна е многу скромен и оригинален. Зошто ваквите повеќе успеваат во странство, подалеку од дома? Дали сме можеби заглавени во недоволно медиумски простор за истите, како што и спомна на интервјуто или, едноставно, не им одговара на оние околу тебе да се соочат со автентичноста? Твојата. Ова го прашувам и како некоја која го доживувала истото цел живот?
Веќе 6 години сум дел од групата Мизар. Го сведочам тоа од прва рака. Едноставно е така. Истото го имав и додека работев во Албанија и Косово долги години. Можеби прифатеноста таму се должи на тоа што не сум од таму. Истиот синдром само од другата страна на перницата.
Јас би ти посакала да блескаш во твојата автентичност уште повеќе и да се обидеш да го најдеш во себе тој Принц од твоите хитови. Мислам дека на Македонија и македонската музика ѝ фали токму такво нешто затоа што автентичноста секогаш избива како квалитет. Ти благодарам за разговорот и секое добро!
Ти благодарам Марта за убавиот збор. Министерот ќе престане да биде Министер, Директорот може да смени фирма… уметникот секогаш ќе си биде уметник, маченик.
Почитувани читатели, драги метаморфозирачи на вашите битисувања: како креатор на прашањата, би сакала само да ја оправдам метафората во некои затскриени лексички форми. Концептот на Духовна Метаморфоза е направен за помош на оние кои „гуглаат“ што е метаморфоза, за оние кои не разбираат зошто мора да е и духовна, и за оние кои тука ги раскажуваат своите приказни, познавања и сознанија. За Авторката на најголемиот дел од содржините, Александар Ристевски – Принц, пред сѐ како човек, а потоа како артист во нашиот природен човечки театар, не се вклопува во концептот само поради една причина: таквите како него се личен пример за тој еден помалку познат концепт. А за него, здравје, во некое печатено издание.
Останете со здравје. Духовна Метаморфоза најавува уште многу нови содржини кои одговараат на наративот на модерното, но и понатаму ќе го задржат основното применливо во сржта на нивното создавање – човечкото, обичното, каде духовното постои за да не’ донесе до таму каде што треба да стигнеме, а она нормалното, врзано со материјата и егото, е секако – неизбежно!
Фото: Од архивата на Александар Ристевски – Принц
