Знам дека згрешив
знам дека душата не ја именував
само да ми остане чиста, неподаточна,
знам дека егото го ограничувам
на формата на моето физичко постоење
знам дека мои, мое, јас, свои, речиси немам
оти непоседувањето е мој начин,
но овојпат знам дека заслужувам
спој од удобност и многу љубов
без плачење, по нечија желба,
но со доказ, колку вреди една тешка солза
кога ќе се дознае причината
зошто паднала…
