ПЕСНИ

Кон повеќе

Полека се чекори кон повеќе
повеќе пешачење
повеќе вода
повеќе “јас”
повеќе некоја нежност
која од одамна ја имам пречкртано
со пенкало…
Денес купив коректор.
Природен материјал.
Мора да се почне од малото
нејното
природното
коректурата
како таа сака
како рекла
како треба според Неа
оти маф ми е работата….
Таа Природата
природува достатно
за да нѐ умори од она себе
на кое сме навикнале
нѐ носи по стари патишта
планови за откажување
и попат нѐ носи под некои диви сливи
да нѐ потсетува на муабети…
итра лиска…
А, потоа, нѐ враќа, ни се враќа во нас
по малку
до насолзување
на сувите очи
и таму е
и таму сме…
Таа – природата
тука сум
само да ѝ пријавам…
Биди ригорозна и поконцизна!
ЗА АВТОРОТ

Marta Dimitrov