ПЕСНИ

Комплексни стихови

Стиховите ми се патување
при што неразбирливоста ја плаќам
со мое поедноставување.

Се вртиме по вертикала
губејќи ги пипците
со кои грабаме по материјалното.

Не ги задоволуваме петте сетила
без лоша намера
и оти сме без потреби.

Одеднаш се буди шестото
и цел наш внатрешен свет.

Се вртиме по вертикала
пипците се прибрани
и сфаќаме
неопходно е да се движиме по течението,
а не да пливаме во спротивен правец.

ЗА АВТОРОТ

Marta Dimitrov