Реики накратко би значело работа со енергетското поле на пациентот, оној кој дошол да побара помош. Симболите притоа кои се поврзани и со поставеноста на лечење на пациентот исто така се соодветни на помошта која му е потребна притоа.
Мојата иницијација со сертификат од учител е поткрепена од Билјана Кван. Имам доволно познавање тоа што таа го нарекува ажурирање на реики третманите. Разликата со стариот метод од Усуи е во тоа што нема потреба постојано да се вклучуваме и исклучуваме од акашата, туку сме постојано активни. Исто така, она што лично го забележав при работа со ова реики нема потреба да ги бркаме негативните или темните сили надвор затоа што тие се неутрализираат.
Но, за мојата иницијација се случија настани уште во 2011 година на планината Кожув, кога мајката природа ми откуца 1,000,332 животи, изживеани на оваа планета. Ова секако се случува со посебна изненадна комуникација каде тоа не е во никој случај нешто очекувано.
Во 2023 година имав исто случување со небесата каде ми се прикажа црн крст на небото, а потоа бев неподвижна и легнав 4-5 дена без да можам да јадам или пијам. Тука добив како порака за активација на реики во мене.
Сепак, мојата самокритичност до сега не ми дозволила да се занимавам со духовна пракса, но ете сметам дека е време да бидам од корист за другите и да не го потиснувам потенцијалот кој го имам.
За консултација и закажување може да ме побарате на 078/260-290. Локацијата е Скопје, и не е возможно да се прават третмани на далечина.